550
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат за прекин на водоснабдувањето во Драчево.
„На ден 04.01.2019. поради дефект на приклучна цевка од Ф-5/4мм на ул. Герника 12 во населба Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Герника, Радослав Петковски, Скендербег Кастриоти и Антон Димитров од 13:15 часот до санирање на дефектот“, соопштија од таму.