576
Корисниците од улиците „Чедомир Кантарџиев“ и „Серска“ во Кисела Вода утре (27 декември) од 8 до 15.30 часот ќе немаат струја, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија а.д.
Без електрична енергија утре од 9 до 14 часот ќе бидат и објектите на основното училиште и градинката во Пинтија, сите стопански и нестопански објекти во оваа населба во општина Кисела Вода, корисниците од ул.„1523“ и тие што се поврзани на трафостаницата Пропоинт, Милсон, Алумил и Агрометал.