Без струја денеска делови на Кисела Вода, Ѓорче Петров и Петровец, вода ќе немаат делови на Железара

by Fokus

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( петок ) без електро снабдување ќе останат следните корисници:

– Во период од 10:00ч до 11:00ч дел од с.Долно Лисиче (делот кон пругата и Драчево) општина Аеродром и општина Кисела Вода;

– Во период од 09:00ч со 12:00ч дел од ул. Кичевска бр.28 општина Ѓорче Петров;

– Во период од 08:30ч до 15:30ч корисниците на село Средно Коњари (сред село и околните улици), општина Петровец.

Врз основа на добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, денеска (петок ) поради двоење во шахти на ул. Гемиџиска (нас. Железара), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со интервенцијата.

Поврзани новости