47
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Карпош и Сопиште.
– Од 09:00 до 11:00 часот, дел од корисниците на улица Александар Урдаревски, околу ресторан Бон Бон во општина Бутел;
– Од 12:00 до 14:00 часот, корисниците на улицата Борка Талевски, бр.60 во општина Карпош;
– Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од село Чифлик во општина Сопиште.