387
Поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Сарај.
– Во време од 04:00 – 15.00 часот со прекин на електричната енергија ќе бидат објектите на „Вивакс“, „Електроелемент“, „Електрометал“и „Лек“ во општина Гази Баба, од 09:00 – 14.00 часот дел од улицата „Црвена Армија“, објектот на противпожарна бригада во Ѓорче Петров, објектите околку паркот во Ѓорче Петров и објектот на маркетот „Тинекс“ во општина Ѓорче Петров) и во време од 09:30 – 14.30 часот корисниците од селата: Глумово, Шишево, Горна Матка и објектот на Музеј Матка во општина Сарај – соопштија од Центарот за управување со кризи.