Без согласност од Советодавното тело нема регистрација на „Цар Фердинанд”, одлучи Централен регистар

by fokus

Подносителите на барањето за регистрација на граѓанско здружение Цар Фердинанд добија барање од Централниот регистар да достават одобрение од новото Советодавно тело за употреба на историски имиња.

Според барањето на Централниот регистар, доколку подносителите не достават одобрение во рок од 30 дена, тогаш ќе се смета дека пријавата за регистрација воопшто не е поднесена.

 

Ова е прв случај во кој за регистрација на здружение со име на историска личност се бара одобрение од новото Советодавно тело, кое Владата го формираше откако Ценралниот регистар веќе одобри регистрација на здруженијата Ванчо Михајлов и Цар Борис.

К.С.Б.

 

Поврзани новости