643
Руската вакцина против коронавирусот дава заштита околу 92% против Ковид-19, потврдуваат резултатите објавени во престижното медицинско списание Лансет.
Вакцината исто така е безбедна и обезбедува целосна заштита против хоспитализациите и смртниот исход од болеста.
Руската вакцина во западните земји и медиуми беше пречекана со резерви, затоа што нејзината употреба започна пред објавување на конечните податоци од фазата на тестирање.
Но сега научниците потврдуваат дека ефикасноста на руската вакцина е неспорна.
Лансет потврдува и дека нема сериозни реакции поврзани со вакцината во текот на тестирањето, освен ретки слаби реакции.
Во вакцинираната група, нема ниту еден смртен случај, ниту пак сериозна болест.