Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека „ционистичкиот режим станува беспомошен и збунет“.
Во објавата на платформата Х (Твитер), на хебрејски, тој изјави дека израелската влада го „лаже“ својот народ, кога изразува загриженост за заложниците што ги држи Хамас во Газа, а во исто време ги гранатира областите каде што може да бидат држени.
„Без американска поддршка, Израел ќе биде замолчен за неколку дена“, нагласи Хамнеи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахјан во средата предупреди на „тешки последици“ доколку продолжат израелските напади врз Појасот Газа, кои уследија по упадот на Хамас на 7 октомври на израелска територија во кој загинаа 1.400 луѓе, главно цивили.
Пред тоа, иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека потезите на Израел „ги преминале црвените линии, што може да принуди многумина да преземат акција“.