540
Прошетката на припадниците и симпатизерите на ЛГБТИ популацијата во рамки на „Европрајд“, што почна пред зградата на Уставниот суд во центарот на Белград, заврши околу 18 часот во близина на стадионот Ташмајдан, без поголеми инциденти.
Откако беше забрането поворката да се движи од Собранието до Калемегдан, маршот се одвиваше од Уставниот суд до Ташмајдан.
Програмата „Европрајд“ продолжува на стадионот Ташмајдан, каде се најавени концерти на Сенида, Сара Јо и други.