Без големи билборди, со скромна кампања, Ванковска ќе се бори за победа

by Fokus

Нема да има големи билборди и кампањи, тоа ќе биде скромна, како што е и нашиот народ напатен – вака професорката Билјана Ванковска, кандидатка на Левица, ја претстави својата програма. Посочи дека таа ја почнува кампањата како што е предвидено со закон. Ги повика граѓаните да излезат на гласање за претседателските избори, за да гласаат за личност, без разлика што зад нив ќе стојат партии.

„Јас кажав дека ќе бидам една и единствена во сите кандидати, по визијата, аргументите кои ќе ги понудам. Можеби на прв поглед слоганите ќе ви изгледаат слични, исти, збунивачки, но на крајот од кампањата мислам дека никој нема да има дилема за што се залага Ванковска со Левица. Во материјалот ќе видите дека ако треба да ја дефинирам: тоа се принципите и материјалите кои се водилка на целиот процес. Уставните норми се ригидни, сувопарни. Но личноста е таа што ја прави институцијата“, рече Ванковска.

Апелот до граѓаните е да се посвети внимание на кандидатите, па вети: „чесна и интересна битка, на никого нема да му биде здодевно кога јас ќе зборувам“.

„Некои личности и нанесоа голема штета на Македонија, а кампањата ја започнувам од Струмица“, додаде Ванковска.

Поврзани новости