488
Синоќа, во село Љубин, тригодишен син бил удрен од автомобилот кој бил управуван од неговиот татко.
„На 28.08.2019 во 19.00 часот било пријавено дека во с.Љубин, скопско, И.В.(42) додека влегувал во неговиот двор со патничко моторно возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, без да забележи, го удрил неговиот тригодишен син. Повредениот бил однесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош каде биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од МВР.