Претседателот на општинскиот органок во Куманово на Лекарската комора, д-р Мирослав Бошковски, го сподели своето искуство со ковид-19, а сега апелира до сите што го прележале вирусот да даруваат крвна плазма за да може да им помогнат и на другите.
„Бев меѓу првите заразени здравствени работници од Куманово. Прележав ковид-19 со средно тешка клиничка слика, но не беше ни најмалку наивна состојбата, 17 дена бев хоспитализиран на инфективното одделение во општа болница Куманово. Штом помина минималниот задолжителен период од оздравувањето, се пријавив во регистарот за донирање рековалесцентна плазма, пред околу 10 дена, но не беа сите анализи завршени за да можам веднаш да донирам“, раскажува доктор Бошковски.
На почетокот на месецот организирале крводарителска акција помеѓу докторите која, за жал, морале да ја одложат поради наглиот скок на новозаболени од ковид-19.