Градежниот гигант „Бетон Штип” е можно да оди под стечај. Компанијата, која до неодамна важеше за една од најголемите градежни фирми, и која изгради голем дел од проектот „Скопје 2014“, сега е во долгови.
Тројца доверители до штипскиот Основен суд доставиле барање за отварање на стечајна постапка за компанијата. На 13 јуни, кога е закажано рочиштето, судијата ќе утврди кои се доверителите, нивните побараувања, имотот и долговите на „Бетон“, по што ќе следи и носењето на одлуката дали да замине или не во стечај.
Оваа компанија пред неколку години беше втор по големина играч во македонската градежна индустрија. Со изградбата на седум објекти во проектот „Скопје 2014“ заработи околу 55 милиони евра. Проблемите почнаа да ги чуствуваат вработени од лани, кога неколку пати ја прекинуваа и изградбата на новата болница во Штип, поради неисплатени плати.