Бестселер во најава: Нова книга од авторката на „Ќерката на дрвосечачот“

by Fokus

Пред неколку дена излезе нова книга на авторката на „Ќерката на дрвосечачот“, Наде Стојилковиќ, насловена како „Тајната на Алексови“.

Нејзината претходна книга „Ќерката на дрвосечачот“ доживеа огромен успех и за само осум месеци, романот стигна и до своето четврто издание.

„Тајната на Алексови“ е семејна сага на три генерации жени. А сè почнува од еден маж. Алекса Алексов потекнува од богато и познато семејство. Тој е единец на мајка и татко кои многу се обидувале, но не можеле да имаат други деца, па можеби токму тоа е причината што е по малку разгален, што сè му е допуштено, што има малку тежок табиет и никој едноставно не може да го одбие за ништо. Така, уште првиот ден кога ја здогледува помладата и преубава Дафина, решава дека таа мора да му стане жена“, пишува во краткиот осврт на романот.

Поврзани новости