Агенцијата за храна и ветеринарство го продолжи рокот за бесплатна регистрација и идентификација на домашните миленици и наместо на 31 март, како што беше предвидено, рокот се продолжува до 31 декември годинава. Директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов, изјави денеска дека се набавени 100.000 микрочипови, а дека до сега во системот се регистрирани 49.000 миленици.
-Од 1 април апликацијата на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошот 120 денари. Самиот микрочип е донација на Агенцијата за храна и ветеринарство – рече Атансов.
Од 1 април инспекциските служби ќе изрекуваат и соодветни мерки доколку затекнат неидентификуван домашен миленик. Атанасов потсети дека казните се движат од 100 до 150 евра за индивидуално лице, додека 1000 евра за правни лица.