Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека продолжува мерката бесплатен превоз за студентите.
Toj рече дека Владата одлучила да му префрли 120 милиони денари на ЈСП Скопје за да може мерката да продолжи да се реализира и во 2025 година.
„Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам треба да бидат спокојни затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда за тоа, рече премиерот Христијан Мицкоски, на заедничка прес-конференција во Владата со министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Бесплатниот јавен превоз, како што рече, ќе им овозможи поголема достапност и ќе ги ослободи од финансискиот товар со што ќе може повеќе да се фокусираат на студиите и личниот развој.