Новороденчињата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство ќе добиваат бесплатно пелени и влажни марамчиња, што досега ги купуваа нивните родители.
Пелените и влажните мармчиња ќе ги донира компанијата „Бора“ која денеска ја официјализираше соработката со ГАК.
– Со производите на „Бора“ ќе се грижиме за најмалите, но посебно важно е дека ќе се надмине досегашната пракса родителите сами да купуваат пелени за своите новороденчиња така што ова ќе го релаксира овој дополнителен трошок којшто го имаа родителите, истакна портпаролката на Клиниката, Драгана Букилица.
Претставникот на компанијата „Бора“, Дарко Трајковски посочи дека за нив е најважно здравјето и грижата на најмалите и оти нивните производи совршено се поклопуваат со потребите на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Компанијата „Бора“ ќе додели донација i за здружението за еднородни семејни заедници „Една може“.