566
ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.
– Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен, се вели во соопштението од прес-службата на ЈСП Скопје.
Планирано е, се наведува, доколку дозволат временските услови, ракометарите од аеродром до плоштадот да се возат со панорамски автобус