585
Годинава е обезбеден бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на традиционалната културна манифестација Бела ноќ, соопшти Град Скопје.
Бесплатниот превоз ќе може да го користат сите граѓани во периодот од 18 часот во сабота до 05 часот во недела, соопшти Град Скопје.
Граѓаните ќе можат да посетат изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции што ќе се одржуваат на повеќе локации во градот и ќе ја слават културата и уметноста во Скопје како Европска престолнина културата за 2028 година.