Беснее ураган во Бургас – летаа чадори, лежалки, дрвја, покриви

by fokus

Силно невреме го погоди Бургас на брегот на Црното Море. Ураганските ветрови предизвикаа хаос во градот.

Ураганот изненади стотици туристи на северните и централните плажи во Бургас. Чадори, перници, лежалки – целиот инвентар на концесионерите на двете плажи е однесен во Црно Море.

Силниот ветер уништи барови и ресторани на плажите, а во градот откорна голем број дрвја и покриви.

Брзината на ветрот достигна 70 километри на час, а приближно 3.000 молњите се забележани околу Бургас.

Поврзани новости