261
Веќе трет ден беснее пожар во планината Стогово над дебарското село Гари.
Според Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата “Стогово” на ЈП” Национални шуми”.
Додава дека се јавиле и доброволци од ова и соседните села, но поради ризикот што доаѓа од пламените јазици, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.
-До сега станува збор за околу 60 хектари опожарена површина, но ако итно не се интервенира од воздух состојбата може многу да се влоши и пожарот да се прошири, вели Мифтароски.