Објаснувајќи го одлагањето на издавањето на еврообврзницата во интервју за првиот програм на националниот сервис МТВ, министерот за финансии, Фатмир Бесими посочи дека мислењето од министерот за правда не можело да се побара порано, бидејќи согласно процедурата од аукцијата на еврообврзницата до порамнувањето, односно издавањето на еврообврзницата, треба да изминат 5 работни дена.
Тој наведе дека постојано биле во контакт со институциите, агентите и инвеститорите и од аспект на запазување на процедурата, најоптимална одлука е потворување на аукцијата.
-Имаме одличен конзорциум на банки, кој веќе 20 години не поддржуваат на финансиските пазари. Бевме во комуникација со инвеститорите, тие беа информирани, информиравме и на платформата Блумберг и излеговме веднаш со соопштение за јавноста. Во ваква ситуација, најдобро за инвеститорите е повторно да се повтори аукцијата, отколку да се остави правен вакум дали важи тоа мислење или не. Доколку се издаде неважечки документ, тоа би било поголема штета и тоа инвеститорите го ценат, рече министерот.