418
Системот (на ФЗО) беше нападнат, од кои причини, мотиви дополнително ќе биде објаснето. Последното решение е што фондот изнајде начин како да ги исплати платите, при што гледавме и опции директно од трезорот да се платат на вработените. Тоа беше систем на премостување, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата 24 анализа.
„Во период на хибдридни војни, ние работиме на безбедноста на системот на трезорот. Сите треба да сме внимателни во изјавите. Немам информација за откупот, а службите ќе кажат дали тоа се класифицирани информации. Ако јас имам сертификат за државна тајна, доколку има такво нешто, јас имам пристап. но немам добиено такви информации“, рече Бесими.