Предлог-одлуката за распределување на средства помеѓу буџетските корисници е одлука за реалокација на средства за исплата на зголемените плати за вработените во јавниот сектор, од овој месец, нешто што е договорено со синдикатите, исплата на зголемените пензии за 6% за пензионерите од октомври, што е согласно методологијата што ја утврдивме заедно, средства за социјални права, повеќе средства за земјоделски субвенции, за лекот трикафта за 55 пациенти и за мерачи за лицата со дијабет, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими денес во Собранието каде на пленарна седница почна расправата по дополнетата Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници, која содржи и осум амаднмани кои беа прифатени на комисиската расправа.
-Вредноста на оваа реалокација е околу триста милион евра, која се прави без да се зголеми дефицитот, а се обезбедуваат средства за сите трошоци што се предвидени, изјави министерот Бесими и додаде дека тоа е направено од ставки каде има помала динамика на реализација, со заштеди и зголемени приходи од придонеси.