Покачувањето на плататата на вработените во јавниот во сектор во иднина веројатно ќе пресметува според просечната плата и инфлацијата во земјата, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими за МИА.
„Барањата на синдикатите беа да се користи модел на коефициенти со просечната плата. Бевме отворени и флексибилни уште од почетокот да го прифаќаме тоа што беше предлог на синдикатите.
Тоа што во оваа фаза беше комуницирано и од нивна страна, мислам дека е дефинирано е коефициентот да се воведе како нов модел и секако размислувањата за механизмот кој ќе ја дефинира динамиката на платите да биде поврзана со просечната бруто плата.
Со ова се создава солидна платформа во иднина економско-социјалниот дијалог да биде уште поквалитетен, потранспарентен и ќе имаме системско решение“, изајви Бесими.
Тој објасни дека за различни јавни служби ќе се утврди различен коефициент на сложеност, а во формулата за пресметка ќе се зема во предвид просечната плата и/или инфлацијата. Така, платите континуирано ќе растат секоја година, во зависност со растот на платите и трошоците во целата економија.
Но и да се постигне договор сега, моделот би требало да почне да важи од 2025 година. Но и во меѓувреме ќе има првично покачување кое се договара.
Вработените во Управата за јавни приходи, вработените во Царинската управа и судската администрација изминатите недели протестираа и најавија дека ќе почнат генерален штрајк, доколку нивните барања за зголемување на платите за 30 отсто не се остварат.
Синдикатите на вработените и неделава беа на преговори во Владата, по што рекоа дека се приближиле во ставовите, но се уште нема конечен договор.