Од јануари, министерството за финансии повеќе нема да дава согласност за нови вработувања во јавниот сектор. Министерот Фатмир Бесими таа обврска ја префрли кај своите колеги министри, но и другите одговорни лица во институциите.
Сега таа одговорност по закон не е само формално, има и кривична одговорност на секој што ќе вработи надвор од обезбедени средства од буџет. И таа одговорност е на ниво на самите институции, појсни Бесими.
„Меѓутоа има два механизма за контрола. Прво кој било Годишен план за вработување ќе се носи само врз основа на веќе изгласан Буџет во Собрание. Се знае колку средства има за таа намена и тоа е рамката. Секоја институција си прави свој план за менаџирање. Вториот момент е откако ова ќе се направи секое раководно лице од секоја институција кога ќе достави план за вработување, за оглас ќе може да даде лично изјава под морална и кривична одговорност дека тоа е согласно Планот и обезбедени финансиски средства.
Со ова ја растеретуваме администрацијата и голем дел од барањата што беа нереални веќе нема да постојат, бидејќи одговорноста се алоцира во самите институции“ вели министерот Бесими.