Граѓанската обврзница е инвестиција и за идните генерации – затоа истото ќе и го подарам на Аурела, мојата 14-годишна ќерка, како нејзина прва инвестиција за подобра иднина на нејзината татковина“, пишува Бесими во објавата.
Тој понатаму пишува дека нема повеќе да учествува во инвестиции во граѓански обврзници, за да избегне судир на интереси.
„Со цел да избегнам било каков конфликт на интереси поради мојата јавна должност како министер за финансии и со овластувања за одлучување при издавање на хартии од вредност со цел финансирање на буџетот, најавувам дека нема да учествувам со дополнителни инвестиции во граѓански обврзници додека ја извршувам оваа јавна должност. Ви благодарам на разбирањето!“, пишува Бесими.
Во објавата на фејсбук тој го објаснува процесот на купување на обврзниците, за да им ги објасни придобивките на граѓаните
„Почитувани граѓани, денеска решив симболично да купам една ‘Граѓанска обврзница’, за да го илустрирам процесот на инвестирање и придобивките за граѓаните и земјата. Поднесов барање до банката за купување хартии од вредност – Граѓанска обврзница, потоа банката ќе ме извести за резултатот од аукцијата што ќе се одржи на 13 јули, а потоа сопственоста на граѓанските обврзници ќе се евидентира во Депозитарот за хартии од вредност на 20 јули“, напиша Бесими.
Со купување на една обврзница од 10.000 денари, Бесими очекува таа две години по ред да му носи принос од 500 денари, и тоа на 20 јули следната година и на истиот датум во 2025 година, кога ќе му биде вратена вложената вредност.
„Со оваа инвестиција симболично ќе придонесам за развојот на земјата со развојни проекти кои се финансираат од буџетот на државата во интерес на економијата и благосостојбата на граѓаните“, напиша Бесими, и ги покани граѓаните да се вклучат во купувањето.