Бесими: Дефицитот кореспондира со најголемата економска криза која и се случува на нашата економија

by fokus

Ковид кризата е од неекономска природа и сите економии во светот  вбризгуваат средства во стопанството, го прошируваат дефицитот и преку мерки ги поттикнуваат и понудата и побарувачката за да ја зголемат економската активност и на тој начин да ја надминат кризата.

Ова го посочи министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Нагласи дека како резултат на намалување на домашната потрошувачка и нарушувањето на глобалните синџири поради ковид кризата, приходите секаде имаат помала реализација.

-Неколку пати имаше интервенции со мерки за справување со кризата, за поддршка на економијата и надминување на последиците од кризата, како и поддршка на граѓаните. Тоа се случи и со вториот ребаланс кој има зголемување на расходната страна со цел да го поддржи четвртиот пакет на мерки. Дефицитот кореспондира со најголемата економска криза која и се случува на нашата економија – повисок пад од 12,7 процемти на квартално ниво немало во нашата економија и минус 6,5 проценти пад во првото полугодие, рече Бесими.

Но, посочи, тоа не е само кај нас.

-Тоа го имате на ниво на светската економија и на Европската Унија. Тоа е глобален проблем, глобална криза. Со вториот ребаланс е проширен буџетскиот дефицит, но средствата се насочуваат кон четвртиот пакет мерки кој е во насока на помош на граѓаните и стопанството за надминување на кризата, нагласи Бесими.

Појасни дека речиси сите економии во текот на годинава го проширија буџетскиот дефицит и додаде додека просекот на Еврозоната е 8,4 отсто.

-Следниот период со стабилизирање на состојбата и прудентно менаџирање, буџтескиот дефицит ќе се консолидира, рече Бесими.

Поврзани новости