694
Центарот на Скопје од сабајле е блокиран, а демонстрантите со извици: Македонија, транспаренти ,,Стоп за бугаризација” и импровизирано “Сечење на глава” за францускиот предлог се спремаат за протестот против заклучоците што треба да се изгласаат во Собрание.
Полицијата го има опколено Собранието, а демонстрантите полека се собираат.
Шатори се поставени пред Собранието пред споменикот на Никола Карев и од другата на улицата.
На микрофон се пее ,,Едно име имаме”, а оние во шаторите на Левица го бараат нивниот лидер, Димитар Апасиев.
Пред пратениците во Собранието денеска ќе се најде францускиот предлог, а претходно на пленарна седница обраќање ќе има претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Фросина Факова Серафимовиќ