Беше ли законска собраниската Одлука за референдумот за промена на името?

by fokus

Жестоката дебата се разви во јавноста откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија.

Џафери иницијативата ја оцени како противуставна и самостојно ја отфрли без да ја препрати до соодветните собраниски комисии кои би требало по истата да се произнесат.

Но, тој немаше проблем со референдумот за промена на името, односно за Преспанскиот договор во 2018 година, иако и тогаш голем број правници предупредуваа дека самото референдумско прашање не е во согласност со Законот за референдум, бидејќи е двосмислено.

ПРЕДЛОГОТ ДОЈДЕ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ

Предлогот за тогашниот референдум дојде по иницијатива на пратеници од власта.  На предлогот за распишување на консултативен референдум беа потпишани околу 70 пратеници, заедно со некои пратеници од коалицијата на опозицијата.

Потоа, на пленарна седница Собранието со 68 гласа ја изгласа Одлуката за распишување референдум за името, кој се одржа на 30 септември. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја напуштија салата и не учествуваа во гласањето.

Во Одлуката стоеше  дека на референдумот граѓаните ќе се изјаснат за прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ тогаш соопштија дека не ја поддржуваат иницијативата за референдумот поради референдумското прашање кое за нив не е прифатливо.

Ставот на партијата е дека со вметнување на ЕУ и НАТО во прашањето се прави очигледна манипулација.

МАНУПУЛАТИВНО ПРАШАЊЕ

Сегашниот лидер на Левица, во 2018 година како професор на Универзитетот Гоце Делчев пишува научен апсракт во кој објаснува зошто референумското прашање е противзаконско. Меѓудругото, тој вели:

Прашањето е двосмислено, поточно тросмислено и, како такво, е изричито противправно и законски забрането. Граматичкото толкување на чл. 15, ст.3 од Законот за референдум ни дава право да тврдиме дека употребената форма во еднина („прашањето“, а не „прашањата“!), го обврзува доносителот да постави само едно и единствено прашање, а не три прашања во едното. По исклучок, доносителот е овластен да постави повеќе прашања, но само одделно, а не слеани во едно. Во таква законски предвидена ситуација, потребни се онолку гласачки ливчиња колку што има прашања –што во случајов евидентно дека намерно и итромански отсуствуваше, објаснува Апасиев.

Тој ја спори и самата Одлука на Собранието за распишување на референудмот и ја оценува како незаконска поради четири причини:

Називот на прописот – во илегалната Одлука за распишување на референдумот не е дадено целото званично и службено име на т.н. Преспански договор, туку само паушално, грубо и психолошко-пропагандистички е наведен описниот, колоквијален и скратен термин.

НЕЗАКОНСКА СОБРАНИСКА ОДЛУКА?

Образложение на прописот/прашањето– бидејќи целиот т.н. Преспански договор е комплексен правен материјал од над 20 страници ситно искуцан текст на А4 формат, за кој отпосле се дозна дека содржи и некои тајни „анекси“ со статус на класифицирана информација, до кои јавноста нема пристап и право на увид, неговиот супстрат и смисла морало да бидат накратко образложени, барем во еден т.н. информационен членна Одлуката, во кој граѓаните би се запознале со правниот ефект на донесената одлука

Референдумското прашање/прашања– доносителот на Одлуката, кој во суштина поставил три прашања во едно, злонамерно и тенденциозно истите не ги формулирал одделно, како засебни алтернативи, туку недозволиво ги споил во едно

Видот на референдумот– во Одлуката е наведено само дека се распишува „референдум за консултирање“ на граѓаните и дека истиот ќе биде „на целата територија на РМ“ [чл.1, ст.1], без притоа да се наведат другите конститутивни особености на референдумот, за да може јасно и недвосмислено да се види неговата правна природа, статус и карактер.
Со други зборови, доносителот не навел дали референдумот ќе се третира како „претходен“  или како „дополнителен референдум“; и дали истиот ќе има правен третман на „облигаторен“ или, пак, на „факултативен референдум“.

К.С.Б.

Поврзани новости