БЕСА влезе во коалиција со СДСМ и ДУИ да претседава со Советот во Чаир

by Fokus

Џемиле Мехмети, советничка од движењето Беса од групата на Биљал Касами, е новата претседателка на Советот на Општина Чаир.

Таа и уште еден советник кој е поддржувач на Касами преминаа во редовите на коалицијата СДСМ-ДУИ со што се овозможи да се надмине кризата за избор на претседател на Советот.

За Мехмети гласаа 9 советници на ДУИ, 4 на СДСМ и 2 од Беса. Седницата ја напуштија шестмината советници од Беса лојални на скопската група, како и советниците на Алијанса за Албанците и на ВМРО.

Поврзани новости