390
На лидерската средба која започна во 17 часот, млади активисти од движењето „Беса“ со транспаренти ги дочекаа двајцата лидери на албанските партии, Али Ахмети и Мендух Тачи. Активистите од „Беса“ пред Клубот на пратениците, каде се одржува средбата, им порачаа на Ахмети и Тачи дека тие не можат да бидат претставници на Албанците во преговорите.
-Тие не се достојни да ги претставуваат Албанците, затоа што покажаа дека работат за личен интерес, а не за доброто на Албанците, велат од „Беса“.
Тие побараа нивното движење да биде вклучено во преговорите за разрешување на политичката криза и за иднината на земјата.