486
Опозициската БЕСА побара да биде вклучена во преговорите за Специјалното јавно обвинителство, кои треба да завршат во есен, кога се очекува земјава да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.
-Сведоци сме дека германскиот Бундестаг и Холандија го условија датумот со СЈО. Може да потенцираме дека овие важни земји и рекоа на Северна Македонија дека се уште не расчистила со криминалот. Дел од поранешниот режим денеска е дел од оваа Влада – рече Кастриот Реџепи од БЕСА.
Според партијата на Биљал Касами, во законот за СЈО не смее да има рокови за покренување на обвиненија кои произлегуваат од прислушуваните материјали.