Најголем број на гласови за советници во општина Тетово, според досега проброените гласови од Државната изборна комисија освои БЕСА, односно 1852 гласови пред ДУИ која засега има 1558 гласови.
Исто така според пребрените гласови, ВМРО-ДПМНЕ освоиле 783 гласови, додека СДСМ, 475 гласови.
Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Биљал Касами кој гласаше на вонредните избори за членови на Советот на општината рече дека БЕСА може да има мнозинство во советот.
– Според целокупната кампања и текот на кампањата, ние очекуваме тоа што е наша цел да имаме повеќе од 16 советници, е можно да се постигне затоа што единствено ние како политичка партија направивме класична кампања со локални собири каде одзивот беше голем и единстевена партија која направи завршен митинг во центарот на Тетово кој беше масовно посетен од граѓаните. Затоа очекуваме дека денеска на крајот на денот ние ќе славиме мнозинство во Советот на Општина Тетово, рече Касами.