БЕСА освои 12 советници во Тетово, ДУИ 11, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ исто како лани, а Алијанса ниту еден

by Fokus

По завршувањето на локалните избори за Совет на Општина Тетово и за градоначалници во Општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа речиси сите партии слават победа. БЕСА се радува зошто ја победила ДУИ, ДУИ пак има еден советник повеќе во однос на минатиот состав на Советот,

ВМРО-ДПМНЕ се радува за победата над СДСМ во Тетово, СДСМ се радува зошто успеа да го задржи истиот број советници.

Најголеми губитници на овие избори се Алијанса за Албанците и независната листа „За подобро Тетово“ на Хамди Сулејмани. Алијанса во минатиот состав имаше тројца советници, а сега не успеа да освои ниту еден. Исто ја снајде и независната листа „За подобро Тетово“ која имаше двајца советници и беше баланс помеѓу власта и опозицијата во Советот, но сега и таа не успеа да добие ниту еден мандат.

На овие избори имаше две независни листи на граѓански иницијативи, но ниедна не успеа да влезе во Советот.

Поврзани новости