357
Движењето Беса, кое набрзо треба да прерасне во политичка партија, најави дека одлучило да организира протестен марш на 13 јуни со почеток од 17 часот од Чаир до Владата, со барање на оставка на владата на чело со Никола Груевски и Али Ахмети бидејќи тие, според нив, ги злоупотребуваат институциите и ја загрозуваат евроатланската интеграција на Македонија.
На денешната прес-кофреренција, од таму уште побараа опозицискиот лидер Зоран Заев да ги објави сите „бомби“ што ги поседува, а се однесуваат на Албанците, пред се оние за случајот „Монструм“.
Тие уште додадоа дека ќа бараат нов политички договор за редефинирање на Македонија.