404
Од политичката партија БЕСА велат дека досега немаат официјална информација дека Јавното обивнителство води предистражна постапка, во чии рамки го испитува и финансирањето на оваа политичка партија.
– До нас не стигнала никаква информација, ниту некој не информирал, ниту побарал некоја информација од нас во однос тоа, па затоа нека одговарат тие што ги пуштаат и шират ваквите информации – велат од БЕСА за Фокус.
Партиски функционер неофицијално вели дека партијата е целосно чиста во доменот на финансирањето, но, додава тој, не би го изненадило доколку, инсталациите на ВМРО-ДПМНЕ во институциите им монтираат некаква постапка и лажни аргументи, под притисок на ДУИ.
В.С.