БЕСА нема да се жали пред Управен суд, однапред ја знаеле одлуката

by fokus

Движењето Беса нема да поднесе тужби до Управниот суд по одлуките на Државната изборната комисија да се отфрлат седум од осумте приговори за изборниот процес.

– Органите на партија оценија да не поднесат тужби до Управниот суд бидејќи се сомневаат во неговата независност и однапред ја знаат неговата одлука, изјави за „Мета“, портпаролот на Беса, Орган Муртезани.

Инаку, ДИК прифати само еден приговор на БЕСА, и одлучи да има прегласување во спорното гласачко место во Гостивар, откако графолошките анализи покажаа дека потписот на сведокот Фатиме Сулејмани, бил фалсификуван, односно во нејзино име гласал некој друг.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак, Никола Груевски вчера најави дека ќе ја обжалат пред Управен суд оваа одлука на ДИК. Сепак, тој рече дека нема да прифати доколку и Управниот суд ги потврди одлуките на ДИК и дека нема да учествува во прегласување, ниту да ги признае резултатите.

Поврзани новости