БЕСА на Касами влегува во Владата?

by fokus

Беса на Билал Касами 99 отсто ќе биде новиот владин партнер, брифира за Плусинфо висок функционер на Беса по вечерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и Касами.

Состанокот меѓу Заев и Касами за проширување на владеачкото мнозинство се одржал вечерва во 20 часот и треал некаде час и половина.

Функционерот од Беса брифира дека на средбата се разговарало за подготвеноста на Беса да биде дел од Владата. Средбата Заев – Касами, вели функционерот е потврда на принципиелниот став на Беса да ја поддржи Владата на седницата за интерпелација и оттука Заев, разговорите за зголемување на владеачкото мнозинство ги почнал токму со Касами.

– Беса 99 отсто ќе биде дел од Владата. Има готовност да добиеме едно ресорско министерство, но допрва ќе има разговори за поделбата на власта – ни изјави функционерот на Беса.

Поврзани новости