582
Движењето БЕСА ќе го одржи вториот конгрес на 5-ти март годинава, одлучи на денешната седница Централното собрание на БЕСА. Избрана е и комисијата за организирање на конгресот во состав од Абдуш Демири, Аднан Азизи и Арјанит Хоџа, соопштија од партијата.
На Централното собрание се расправало за извештајот на Централниот штаб за Локалните избори 2021 година, на кој, како што наведуваат, Движењето БЕСА како политички субјект успеа да победи во две општини и да собере околу 26.000 гласови, со што ги исполни целите поставени од Изборниот штаб.