„Беса“ ги осуди заканите кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, како што велат во соопштението, од страна на бандитите на огранокот на ДУИ во Чаир.
– Тргнувајќи од ова, Движењето БЕСА изразува загриженост за овој насилен и кукавички чин на бандитите кои се добро познати за Чаир. Сиот овој неред и паника, кои се трудат да го создадат овие лица е доказ дека во Чаир продолжува по стариот терк со истите лица и со истите акти. Кога овој чин се поддржува и од антиалбанскиот новинар, Миленко Неделковски, мозаикот станува и појасен – продолжува братската соработка ВМРО-ДУИ – се наведува во партиското соопштение.
Движењето БЕСА го осудува секој вандалски чин кој се прави кон слободните медиуми, а особено изразуваат загриженост кога се упатуваат закани кон новинарите и новинарството како професија.