774
Движењето Беса вечерва ги определи кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори, информираа од партијата.
На состанокот на Централното собрание во Тетово, се разговарало за политичката состојба и кандидатите за пратеници, при што бил изгласан и списокот на кандидати за пратеници во изборните единици.
Така, во првата изборна единица партијата ги предлага Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах, во втората Бастри Бајрами и Шенаси Геладини, во петтата Мелинда Рашиди.
Најмногу кандидати за пратеници има за шестата изборна единица, каде ќе се кандидираат Билал Касами, Фадил Зендели, Хатије Етеми, Абдуш Демири, Фатлинда Јаја, Фатмир Сабриу, Флори Синани, Исеин Ајдари и Аднан Азизи.