752
Движењето БЕСА соопшти дека имаат сознанија оти некои функционери на ДУИ почнале да вршат притисок врз гласачите.
– Некои функционери на ДУИ вршат притисок и им се закануваат на гласачите со веќе познатата фраза во овие 18 години: „ќе видите по изборите“. Апелираме до вработените во администрацијата, наставниците, професорите, лекарите, невладините организации, сите други на кои може да им се закани ДУИ, воопшто не се плашат затоа што ДУИ ја изгуби силата, а ќе ја изгуби и власта по 15 јули, велат од Движењето БЕСА.