Од Движењето БЕСА во Скопје денеска информираат дека нивното седиште, кое било под заштита на една осигурителна компанија, било нападната од вооружени лица, кои ја искршиле бравата и насилно влегле во нејзините простории.
„Се сомнева дека насилниците се некои екстремисти од Чаир и с. Ларце од Тетово, а придружуван од тие лица, во седиштето дошол и веќе разрешениот претседател, Биљал Касами. Како и да е, во името на членството на Движењето БЕСА, во име на Централното претседателство, во име на Централниот совет и во име на апсолутното мнозинство на Движењето БЕСА, ние го осудуваме овој насилен чин и очекуваме од безбедносните органи да го расветлат овој настан и причинителите на овој вандализам да одговараат пред правосудните органите – се наведува во соопштението од партијата.
Од таму тврдат дека им е жал што Биљал Касами во соработка со екстремисти од Чаир насилно ги кршел не само канцелариите на Беса, туку најгрубо ги крши и вредностите кои Движењето БЕСА ги донесе на политичката сцена.