БЕСА: Дали од 2002 година наваму, ДУИ го користи истиот метод на изборите?

by Fokus

Движењето БЕСА во континуитет се позиционираше како сериозна партија која толерира многу контроверзни прашања. Нашата единствена цел е големата слика за евроинтеграциската иднина на државата. За жал моментот кога Движењето БЕСА тргнува со силен камбек на политичката сцена, се појавуваат криминалните методи на ДУИ кои ги прикриваа во име на нивната ориентација за евроинтеграции. Но за жал малку требаше за да се види нивното вистинско лицe, истакна генералниот секретар на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа.

„Како што сте информирани, со претставка од набљудувач на ДУИ, и покрај тоа што никаде во записникот не е одлучено такво нешто, во општина Желино ќе се повторува гласењето на избирачкото место 1207, во кое „случајно“ гласа и кандидатот за градоначалник на ДУИ, а на истото избирачко место ДУИ има двојно повисок резултат од Движењето БЕСА.

Прашањето што го поставуваме е на колку избирачки места ДУИ дозволила да се појават вакви случаи и ги задржала како резерва за да ги повтори изборите и дали е вистина дека од 2002 година наваму ДУИ го користи истиот метод манипулирајќи со изборниот резултат низ државата? Во сите процеси, Движењето БЕСА покажа политичка зрелост и лидерство, но она што се случи во Желино ја надминува секоја норма и вредност, без разлика дали е демократска или европска.

Затоа, Движењето БЕСА денеска и утре ќе ги продолжи консултациите внатре во партијата за да одлучи како ќе дејствува понатаму. Ние продолжуваме со нашата ориентација за европската иднина на земјата, со сите вредности на демократијата промовирани од Европската Унија, но нема да дозволиме да бидеме на маса со политички структури кои сакаат да ја нарушат демократската волја и пресудата на народот, односно гласот на граѓанинот преку комунистички и тоталитаристички методи.

Можеме да толерираме многу прашања, можеме да ги издржиме пречките кои се направени во оваа една година владеење, ја издржавме и неправдата на последните локални избори каде што сите методи познати од ДУИ беа искористени за да се наруши волјата на граѓаните, но ние нема да дозволи името на европската интеграција да ја погази најсветата вредност на демократијата, а тоа е пресудата на народот“, потврди Хоџа на прес-конференцијата.

Поврзани новости