По потврдените информации дека владините партнери започнале да ги делат меѓусебе и научно-образовните институции, како што е и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, за кој тие одлучиле да му се додели на ДР-ДПА, велат од Движењето БЕСА, денеска сакаме јавно да поставиме неколку прашања:
- Ако на ваков начин ги делите научно-образовните институции, на кого му паднала ждрепката да ја раководи Македонската академија на науките и уметностите?
- Ако на ваков начин ги делите научно-образовните институции, кој владин партнер ќе го раководи Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“?
- Ако на ваков начин ги делите научно-образовните институции, кој огранок од ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Универзитетот во Тетово?
- Ако на ваков начин ги делите научно-образовните институции, кој огранок од ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Универзитетот „Мајка Тереза“?
- Ако на ваков начин ги делите научно-образовните институции, кој огранок од СДСМ, ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Институтот за македонски јазик?
- Ако на ваков начин ги делите научно-образовните институции, кој огранок од СДСМ, ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“?
- Ако на ваков начин ги делите научно-образовните институции, кој огранок од СДСМ, ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Институтот за македонска книжевност?
- Ако на ваков начин ги делите научно-образовните институции, кој огранок од СДСМ, ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Институтот за социолошки, правни и политички прашања?
„Почитувани, од кога поставувате стандард и научно-образовните институции да бидaт сопственост на политичките партии исто како што ги делите тендерите?
Имајќи ги предвид овие факти, Движењето БЕСА ја осудува оваа екстремна политизација на научно-образовните институции, квалификувајќи ја како реприза на поранешните сцени во Македонија, а, за жал, дел од оваа игра сега е и една партија која до вчера го обвинуваше ДУИ за политизација на научно-образовните институции, значи ДР-ДПА. Старата изрека „ако сакаш да го запознаеш вистинското лице на човекот, дај му власт“ денес ја отсликува најдобро оваа партија, а и воопшто оваа влада“ – се додава во соопштението.