127
По приведувањето на Дрин Ахмети, од движењето Беса велат дека одговорност траба да има за секој. Додаваат дека внукот на Али Ахмети, покрај милионски суми со тендери, се занимавал и со шверц на пиротехнички средства. Сметаат дека ова е непростлив скандал и бараат министерството за внатрешни работи и органите на правдата да ја завршат својата работа до крај.
Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ, иронично прашувајќи дали биле европски пиротехничките средства, од која европска земја се донесени и дали ја информирале европската комисија за оваа нивна реформа со пиротехнички средства.