418
Беса попладнево побара од Специјалното јавно обвинителство до петок да ги процесуира случаите „Сопот“ и „Монструм“, за кои смета дека СЈО има доволно докази.
-Без разлика на одлуките на Советот на јавни обвинители за ‘Сопот’ ние цениме дека СЈО има доволно материјали за само да го иницира случајот, да не дозволува на двојството ВМРО-ДУИ да продолжат да играат со животите на луѓето од ‘Монструм’ и ‘Сопот’“, велат од БЕСА.
Тие додаваат дека ако СЈО в петок не ги процесуира случаите тоа ќе се оцени како „манипулација и предавство на тие што страдаат со доживотен затвор само поради политизираната правда во Македонија“.