429
Беса ја осудува деструктивната и заканувачка реторика и итно бара од Министерството за надворешни работи да испрати протестна нота до Русија и да бара одговорност од рускиот амбасадор, реагираат од Кабинетот на Касами од БЕСА.
-Провокативните изјави на рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербаг, се уште еден доказ дека руската дипломатија користи заканувачка реторика кон сите држави што се ориентирани кон НАТО и Европската Унија. Апелираме до Владата без губење на време да ги забрза процесите кои час поскоро ќе ја интегрираат Македонија во НАТО за да се осигура безбедноста на државата од веќе непријателските проруските кругови, се вели во соопштението од БЕСА.