Судскиот совет преку воспоставениот електронски систем, во секое време има увид за предметите во судовите и за целокупното работење на судовите, вели во интервјуто за неделникот „Фокус“, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.
-Со објавувањето на извештајот од извршената посета од страна на Судскиот совет на Апелацискиот суд Скопје би требало да се добие појасна слика во врска со постапувањата по предметите.
Тоа ќе даде и одговор на прашањето колку и дали реакцијата на Судскиот совет е задоцнета. Потребно е да се видат причините, фактите и образложението.
Од друга страна, треба да се има предвид дека Судскиот совет, преку воспоставениот електронски систем, во секое време има увид за предметите во судовите и за целокупното работење на судовите, изјави Адеми.
Интервјуто беше направено пред објавуавањето на извештајот на Работната група на Судскиот совет којашто беше во вонреден надзор во Апелацискиот суд.
Судскиот совет констатираше пропусти во четири предмети што се работеле во второстепниот суд.
За предметот „Таргет-Тврдина“ односно за масовното прислушување за којшто Апелација му ја укина 12-годишната казна на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков Судскиот совет констатираше дека предметот девет месеци неоправдано се држел во фиока.
Ова се констатира сега, откако предметот е пред застарување, иако Судскиот совет има можност во секое време да ги следи предметите во сите судови.
Валентина ВУРМО
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК